ИНФОРМАТИКА

Во услови во кои живееме на брз развој на науката и техниката потребата од компјутерска едукација е неопходна. Во нашето училиште предметот информатика се изучува како редовен предмет во 5-то и 6-то одделение и како изборен предмет во 7-мо одделение.
Кабинетот по информатика располага со 11 персонални компјутери и 1 сервер. Сите компјутери се поврзани на Интернет.
Голема благодарност до T-Home кои ни овозможуваат бесплатен Интернет.
Освен по предметот информатика, во кабинетот се изведуваат часови по други наставни предмети. Кабинетот е достапен и за потребите на наставниците, стручните соработници и помошниот персонал во училиштето.

Во нашето училиште од крајот на месец февруари 2008-ма година по завршената обука за учениците под менторство на наставникот по информатика Александар Трајанов успешно функционира училишен тим за техничка поддршка.
Во тимот членуваат 30-тина ученици од училиштето. Членовите на тимот редовно одржуваат часови на кои се разгледуваат проблемите на кои наидувааат наставниците и учениците при користење на компјутерската опрема и се планираат идните активности на тимовите. Активностите со кои најчесто се ангажирани членовите на училишниот тим за техничка поддршка се: помош на наставниците и останатите ученици при поврзување и користење на интернет, помош на наставниците при реализација на час со користење на ИКТ, одржување на компјутери.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА ОД УТТП.

ОБВРСКА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА УТТП.

 












 

 

Copyright © Делчево
Александар Трајанов