|
|
|
СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ - УЧИТЕЛ И ПРОСВЕТИТЕЛ
Бројни се примерите што збору-ваат за долгата, макотрпна, ма-кедонска историја која почнува со делото на Климент Охридски и продолжува до ден денес.
Точно кога и каде е роден Св. Климент Охридски не се знае. Се претпоставува дека е роден во Југозападна Македонија, во Со-лунската тема. По некои преда-нија се вели дека Св.Климент Охридски бил висок и полн, мош-не претставителен, кој само само со својата надворешност влевал почит и уважување на неговите непријатели.
Охридскиот чудотворец бил ученик на Словенските апостоли Св.Кирил и Св.Методиј и нив ги следел во повеќе зафати, па и во Моравската мисија. Со литеатурна дејност Св.Климент почнал да се занимава уште кога бил во Моравија. Заедно со своите учители бил и во Рим. Откако се простиле со земниот живот на својот учител Св.Кирил, со неговиот постар брат Методија се вратиле во Моравија. По смртта на Методија во 885година, тој бил во групата на најдобри ученици, кои се затворени, а потоа протерани од Моравија.
Влечејќи го срцето кон родниот крај Св.Климент и Св.Наум стигнале во Белград кој тогаш бил под бугарска власт. Управникот на Белград ги упатува во бугарската престолнина. Бугарскиот кнез Борис срдечно ги пречекал и отакко се уверил во личните особини на Св.Климент се решил да го испрати во областа Кутмичевица во 886година со специјална порака, давајќи му три дворци и други убави места за работа и одмор. Дејноста на Св.Климент во Кутмичевица е сестрана во трите центри: Охрид, Девол и Главеница.
Низ целата Кутмичевица Св.Климент отворил училишта. Со таа огромна просветна мрежа раководел со помош на најспособните и најталентираните ученици. Работата ја вршел со љубов на неговите учители. неговиот животен идеал бил големиот Св.Методија. Кога Св.Климент станал епископ на Величката Епархија со широката училишна мрежа раководел неговиот сотрудник Св.Наум. Училиштата на Св.Климент и Св.Наум дале огромен интерес за ширењето на македонската и општословенска писменост. во таа училишна мрежа биле оспособени 3500 ученици.
Св.Климет е основач на првиот македонски и првиот општословенски универзитет. Училиштата на Св.Климент дале огромен придонес во ширењето на писменоста. Тие биле главна основа во издигнувањето на Македонската црква на достоинство- патријаршија, од Цар Самуил, од кои во 988година христијанството и писменоста го примиле Русите. Св.Климент е основоположник на македонската оргинална литература. Со литературана дејност се занимавал уште кога бил во Моравија, но најплоден е со својата татковина, бидејќи околу педесетина дела се сврзани со името на Св.Климет.
Со сигурност се знае дека негови дела се: БОГОРОДИЧНО УСПЕНИЕ, ВЕЛИГДЕН, ЛАЗАРОВО ВОСКРЕСЕНИЕ, ПРЕОБРАЗБА ГОСПОДОВА, ПРОРОК ЗАХАРИЕ, ЗАЧНУВАЊЕ НА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ, СВ. ДИМИ-ТАР СОЛУНСКИ и други.
Поучните дела на Св.Климент се наменети за боговерниците, па тие се пишувани едноставен стил и јазик. Седум години Св.Климент работел во Охридскиот литературен и правописен центар, но кога заминал од Величката Епархија, не можел да ја заборави Кутмицевица, затоа често доаѓал во Охрид. Во Охрид Св.Климент го завршил земниот летопис во 916година и во подлабока старост, исцрпен од работа починал. Св.Климет бил погребан во црквата што самиот ја изградил и му ја посветил на Св.Пантелејмон, денес позната како СТАРАТА СВ.КЛИМЕТ или ИМАРЕТ.
|
Copyright © Делчево
Александар Трајанов
|
|