|
|
|
СТРУЧНИ СЛУЖБИ
Стоименовска Љуба - Психолог
Дипломирав на Филозовски факултет-група психологија во Скопје во 1980 год. На работно место училишен психолог сум од 1981год. Тогаш во општина Делчево за прв пат се воведе службата училишен психолог во ОУ “Ванчо Прке“ Делчево. Во 1996год. поради големиот број на ученици од постоечкото основно училиште се издвоија по три паралелки од секое одделение и се формира новото основно училиште "Св.Климент Охридски". Работата како училишен психолог ја продолжив во ново формирамото училиште. Работноте обрвски за психологот во училиштето се многу бројни. Покрај работата со уче-ници се работо со наставници,се соработува со родители, со органи-зации и друштва, со институции од општината и пошироко.
Работни задачи има и во планирање и програмирање на целокупната работа на училиштето како и учество во следење на реализацијата на програмата за работа на училиштето. Училишниот психолог е вклучен во реализација на повеќе проектни активности од кои ќе ги спомнеме: “Мрежа на училишта што го унапредуваат здравјето на учениците“, “Активна настава-интерактивно учење“, “Инклузија на деца со посебни потреби во редовна настава“, “Проект за модерни-зација на образованието“ и др.
Работата со учениците ми причинува големо задоволство. Посебно ме исполнува работата со учениците на воспитан план.
Ивановска Душка - Педагог
Моето прво работна искуство го започнав во 1977 год. во училиштето во с.Разловци како воспитувач во забавиште уште како недипло-мирана. Таму работев 5 год. Во 1986 год. по дипломирањето сум вработена како училишен педагог во тогашното ООЗТ “Борис Кидрич“ во с.Тработивиште. Од 1996 год. со формирањето т.е. отва-рањето на втора осмолетка во Делчево дојдов на работното место во градот како што работам и денес. Од тогаш па до денеска работам како педагог. Работата како педагог многу ја сакам зошто истата се состои од помош, работа и соработка со ученици, наставници и родители. Училиштето во кое работам мислам дека доста е успешно на полето на образованието и воспитувањето во градот. Мотото на нашето училиште е “Училиште кое учи“ кое нешто само по себе доволно зборува за успесите на целокупната работа на училиштето во сите сфери на истото“.
|
Copyright © Делчево
Александар Трајанов
|
|