|
|
|
РОДИТЕЛИ
Соработка со родителите придонесува тие и семејството да имаат увид во начинот и условите за работа во училиштето, реализацијата на редовната настава и воннаставните ангажмани на учениците, напредокот на учениците, методите за работа и резултатите кои ги постигнуваат нашите ученици на разни смотри и натпревари. Целта на оваа соработка е родителите да се запознаат со индивидуалниот напредок на нивното дете, неговата дисциплина, социјализација и можните проблеми на ученикот.
Соработката со родителите се остварува низ следните форми:општи родителски средби, индивидуалини средби со родителите,телефонски и пписмени контакти, посета на семејството на ученикот (одделенски раководител, психолог, директор), состаноци на Советот на родители и слично.
Исто се планирани вклучувања на родителите во реализација на работилници и проекти кои се реализираат во училиштето.

|
Copyright © Делчево
Александар Трајанов
|
|