НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Училиштето Св.Климент Охридски е лоцирано во централниот дел нa градот Делчево на улицата “Mетоди Mитевски-Брицо“ бб.
Училиштето има вкупно 794 ученици во 55 паралелки и 21 ученик во 5 паралелки во посебни образовни потреби. Во училиштето работат 77 наставници, 4 aдминистративни работници, 1 библиотекар, 1 педагог, 1 психолог, директор, заменик-директор, како и 17 лица кои работат како помошен персонал.
Училиштето располага со 16 училници, една библиотека, спортски терени за ракомет, фудбал како и игралиште зa фудбал, помошни простории како што се: наставничката канцеларија, канцеларии на директор, педагог, психолог и администеција.
Училиштето има вкупна површина од 3600 м2, училишни игралишта 900 м2 и дворна површина од 6400 м2.

Во склоп на училиштето работат подрачните училишта во селата Тработивиште, Град и Разловци каде се одржува настава од прво до осмо одделение како и во селата Стамер и Вирче каде се одржува настава од прво до четврто одделение.












 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Copyright © Делчево
Александар Трајанов