|
|
|
ИСТОРИЈАТ
ОУ "Св.Климемт Охридски" Делчево го сочинуваат централно основно училиште со седиште во Делчево и пет подрачни училишта во селат: Стамер, Град, Разловци, Вирче и Тработивиште.

Училишната зграда на центалното училиште започнала со градење во 1928 година, a прв пат во употреба е пуштена во 1933година.Во истиот состав на зградата во 1984 година започната е доградба на понов дел од осум училноци, подрум и кујна кој во употреба е пуштен во 1987 година. Најстариот дел на училишната зграда е реновиран во 1996 година и пуштен во употреба во 1997година. До тогаш училиштето го носело името Ванчо Прке, но таа 1996година во која старата-нова зграда покрај патот кој води кон граничниот премин со Р.Бугарија стана ново училиште, односно за свој патрон било изберено името на светото лице Климент кој кај словенскиот народ е учител-просветител.

Училиштето е лоцирано во централниот дел на градот Делчрво на ул. М.М.Брицо бб и ги опфаќа учениците на дел од градот Делчево од населбите: Милково Брдо, Звегорска Река и дел од населбата Ново Делчево.
Затоплувањето на училиштето се реализира со парно греење а во подрчните училишта на тврдо гориво-дрва.
|
Copyright © Делчево
Александар Трајанов
|
|