ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ “ОХО“ - ПРОЕКТ “ВОЗИ ВЕЛОСИПЕД“

Проектот е со намера да се иницира изградба и опремување на рампа за паркирање на велосипеди, набавка на велосипеди за едукација на учениците, подигнување на сообраќајната и еколошка култура кај учениците преку работилници и обуки за користење на велосипедот.

Задачи на проектот се: Подобрување на изгледот на училишниот двор, подигање на сообраќајната култура кај целните групи, подигање на еколошката свест кај целните групи, збогатување на училиштето со нагледни средства - велосипеди, подобрување на квалитетот на наставата. Директни целни групи се: учениците од 6 до 14 години (од прво деветолетка до осмо одделение), наставници за сите возрасни групи на учениците и децата со посебни потреби и нивните наставници. Индиректни целни групи: родителите на децата и учениците кои запознавајќи се со онаа што нивните деца го учат на училиште и со ново стекнатите навики на однесување кон животната средина индиректно и самите ги менуваат своите ставови,- пошироката јавност на која се влијае преку јавните едукативни кампањи за потребата за заштита на животната средина.
Погледнете го СТАТИСТИЧКИОТ ИЗВЕШТАЈ од спроведената анкета “Анализа на состојбата на животната средина на подрачјето Транспорт-велосипед на училиште“ спроведена меѓу учениците и наставниците во нашето училиште.
Исто така можете да го погледнете и ЕКО КОДЕКСОТ ЗА ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ОУ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Со средства од Општина Делчево и Министерството за образование во ОУ “Св. Климент Охридски“ започна целосна реконструкција на канализационата и водоводната мрежа во училиштето.

За прв пат по повеќе од дваесет години се прави ваква интервенција со која старите и дотраени канализациони и водоводни цевки кои хронично создаваа проблеми се заменуваат со нови.
Оштетените дрвени врати ќе се заменат со алуминиумски, а се поставуваат и нови чешми и плочки.
Како што нé информираа одговорните од училиштето, по претходно аплицирање, од Министерството за образование се обезбе-дени 1.400.000,00 илјади денари, а Локалната самоуправа од Делчево ќе помогне со средства во висина од 450.000,00 денари.



ОУ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

“Образованите ученици се сила, а воспитаните деца се моќ“ беше пораката од свеченоста по повод патрониот празник на ОУ “Св.Климен Охридски“ чие мото е “Ние сме училиште кое учи“.
Свечената академија се одржа во спомен-домот “Асном“ на која покрај наставниците и учениците присуствуваа и градоначалникот на Општината, Мирко Иванов, и претставници од јавниот и од политичкиот живот. Директорот на училиштето, Горан Димитровски, обраќајќи се пред присутните ги истакна успесите на училиштето споменувајќи ги реализираните проекти со кои се подобрува воспитно-образовниот процес.

- Во училиштето е реализиран проектот “Искра надеж за децата со посебни потреби“, потоа реновирани се санитарните јазли, обновена е електричната инсталација, а учениците редовно учествуваат на натпревари освојувајќи вредни награди со што се остварува целта за резултати во наставно - образовиот процес, истакна Димитровски.
Пред бистата на просветителот и патронот Климент се поклонија и свежо цевеќе положија делегација од училиштето, како и претставници од Локалната самоуправа. По повод патронот беа организирани и спортски натпревари во фудбал за машки и женски и во други спортски дисциплини, а беше и одржано литературно читање на творбите пристигнати по литературниот конкурс распишан по повод празникот. Најдобрите млади поети добија пригодни награди.

 

Закон за основно
образование












 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Copyright © Делчево
Александар Трајанов